Шеикот Јасим се откажа од Манчестер јунајтед, па сега сака да купи калчолигаш!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Милијардерот Томас Зилиакус го повика Шеикот Јасим да се здружат и да го купат калчолигашот Интер за да го направат најдобар тим во светот.

Шеикот Јасим со пет милијарди фунти сакаше да го преземе Манчестер јунајтед, но семејството Глејзер ја одби понудата.

Ова го налути шеикот Јасим кој се повлече од преговорите и најави дека повеќе нема да испраќа понуда за премиерлигашот.

„Мило ми е што до ист заклучок дојдов и јас пред неколку месеци. Ајде да ги здружиме силите и да го купиме ИНтер“, напиша Зилиакус. Семејството Жанг во моментов има долгови од стотина милиони евра и мора да ги врати до април 2024 година, па активно бараат инвеститор кој може да купи дел од акциите.