Шек спасил НБА-легенда која пак е милионер: Колку пари ти требаат?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот кошаркар Шекил О`Нил е познат како човек кој не штеди пари за да им помага на другите луѓе, а често на социјалните мрежи се појавуваат снимки од легендарниот центар како им помага на другите луѓе.

Меѓу тие на кои Шекил им помагаше е и поранешениот кошаркар Џон Сали, кој по завршување на кошаркарската кариера во 2000 година остана без пари, но имал план до кој ќе дојде до богатство.

На крајот Шекил му позајмил 70.000 долари и направил интересен бизнис потег.

„Кога ми требаа пари, Шек ме праша колку ми се потребни, по што ми даде 70.000 долари, а јас сакав да му ги вратам, но тој не прифати“, вели Сали.

Овој поранешен кошаркар имал добри инвестиции, а парите ги вложил во канабис со кој станал пак милионер.