Шешко ги скара легендите на Јунајтед, Аморим откри кој е главен проблем на Словенецот


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Формата на скапо платениот голгетер на Манчестер Јунајтед Бенјамин Шешко стана овие денови сериозна предмет на полемика меѓу поранешните асови на англискиот великан, кои имаат различни мислења за тоа дали Словенецот е достоен за дресот на клубот од „Олд Трафорд“.

Лавината ја покрена поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ Гери Невил, истакнувајќи ја неспремноста на напаѓачот во изгледни ситуации, нагласувајќи дека станува збор за играч кој летото беше на Рајбул Лајпциг платен 80 милиони фунти и дека ни околноста дека е млад и дека поседува потенцијал не мора во овој случај да игра голема улога.

Овие зборови стигнаа до поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед Димитар Бربатов, кој се согласува со поранешниот капитен на Јунајтед дека Шешко заслужува критика, но дека таа треба да биде поконструктивна за да му се даде ветер во грбот на Словенецот да биде што подобар.

„Секој може да критикува на социјалните мрежи или телевизија. Не е важно колку се сметате за одлична личност. Честите критики може да ве повредат. Тоа може да влијае на вашата игра, расположение и самодоверба, бидејќи сите сме луѓе. Лесно е да се критикува, но треба да се стремиме кон конструктивна критика, која ве тера да размислите и да кажете дека оној што ја изнесува е во право“, рече поранешниот бугарски фудбалер.

Не сакаше Брабатов многу да му противречи на Невил, имајќи предвид што сè поранешниот англиски фудбалер направи во дресот на Јунајтед, истакнувајќи дека сепак треба критиката да се насочи на позитивен начин за Шешко да биде подобар во текот на сезоната.

„Шешко навистина имаше слаб почеток, но се надеваме дека ќе донесе голови и ќе докаже зошто Јунајтед толку го плати”, забележа поранешниот фудбалер на Тотенхем и Бајер Леверкузен.

Бербатов гледа во Словенецот потенцијал, но го повикува да има што подобра координација со соиграчите и сè ќе оди подобро кога Бенјамин ќе обрне внимание на деталите кои ќе му помогнат во играта.