Шешко му прави главоболки на Артета: Арсенал ќе остане без нов напаѓач?!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еден ден Бенјамин Шешко е во Арсенал, другиот ден Виктор Ѓокерес, третиот ден – никој. Навивачите на лондонскиот клуб се надеваат дека сепак еден од двата одлични голгетери на крајот ќе потпише, а би било вистинска трагедија ако ниту еден од нив не ја облече црвено-белата маица.

Шешко и Ѓокерес се големи желби за англиските премиерлигаши Арсенал и Манчестер јунајтед, само е прашање кој ќе заврши и во кој клуб.

Сепак, Арсенал сè уште нема испратено официјална понуда до Sporting за одличниот шведски напаѓач, како што нема испратено ни до Лајпциг за Словенецот.

Целосната слика, создадена претежно во медиумите, остава впечаток дека и Ѓокерес и Шешко срдечно сакаат да преминат на „Емирати“, поради што договорот за личните услови со лондонскиот клуб не би требало да претставува проблем.

Меѓутоа, најновите информации од Островот говорат поинаку. Имено, Бенјамин Шешко упати барање до Арсенал кое управата на клубот најверојатно нема да биде подготвена да го исполнат.

Познатиот англиски новинар Данкан Каслс откри за Transfers Podcast дека Шешко бара откупна клаузула во неговиот договор со Арсенал, за која се вели дека е околу 20 проценти повисока од отштетата што Арсенал би го платил на Лајпциг.

Фотографија: Printscreen