Шест експерти ја правеле обдукцијата: Откриена точната причина зошто почина Марадона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона почина од акутна, конгестивна и хронична срцева инсуфициенција.

Обдукцијата на Марадона ја направил тим од шест експерти од судска медицина во болницата Сан Фернандо.

Процесот траел повеќе од три часа, пет доктори биле избрани од властите, а шестиот го избрало семејството на Марадона.

Марадона во текот на вчерашниот ден доби срцев удар во неговиот дом во близина на Буенос Аирес, а докторите не успеале да го вратат во живот ниту со реанимација. Пред само 10 дена му се појави хематом на мозокот, поради што беше успешно опериран и излезе од болница, но неговиот живот не траеше долго.