Шестмина од 200 милиони не се доволни, дали последното засилување на Артета ќе помогне да се освои титулата?


Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Повеќе од две децении без титула, три едноподруго втори места, Арсенал секако го гледа како прва цел прекинувањето на постот во Премиер Лигата. Ова лето повторно потрошија многу пари, доведоа шест нови играчи, меѓу нив Ѓокереш и Мартин Зубименди кои треба да го подигнат квалитетот на тимот на повисоко ниво.

Засилени се сите линии на тимот, поранешниот капитен на Брентфорд Норгард ќе ја пополни средината на теренот по заминувањето на Џорџино и Партеи, Кепа ќе биде алтернатива за земјакот Раја на голот, Москера е додаток во одбраната, навивачите беа против ангажманот на Нони Мадуеке, но со оглед на честите повреди на Жесус и Кај Хаверц, доскорешниот играч на Челзи е сепак потребен за да ја зголеми конкуренцијата.

И дали тоа е сè од Артета ова лето?

Не, затоа што иако потрошија близу 200 милиони фунти, приходите од околу 600 милиони и продажбата на играчи (50 милиони) значат дека сè уште се под линијата на кршење на финансискиот фер-плеј.

Но, за да донесат засилувања, ќе мора да се ослободат од играчи на кои Артета не смета. Првата цел е секако Ебереци Езе од Палас, алтернатива е прескапиот Родриго. Сепак, фудбалерот на „Орлите“ кој може да игра класична „десетка“ или лево во средината и навистина би бил од помош е сон на Артета. За да го откупат Езе од тимот од Јужен Лондон, ќе мора да продаваат и тоа брзо.

Фото: Принтскрин