Шевченко е скршен од болка: Ги молев мајка ми и сестра ми да заминат од Киев, но не сакаат!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Украинските спортисти се приклучуваат на армијата за да помогнат во војната против Русија, а низ пекол минува и легендарниот фудбалер Андриј Шевченко.

Откако почна инвазијата на Русија во Украина постојано се пука и многу луѓе ги загубија животите, а во интервју за „Скај Њуз“, Шевченко ја отвори душата и кажа дека ги молел мајка му и сестра му да ги спаси, но тие не сакаат.

„Горд сум што доаѓам од Украина. Ова е тежок момент за мојата земја, за мојот народ и семејство. Мојата мајка и сестра се во Киев. Луѓе ги губат животите. Проектилите се насочени кон нашите домови. Мора да ја запреме војната. Мојата мајка и сестра, како и многу други Украинци, не сакаат да ги напуштат домовите и ќе останат да се борат за слобода“, вели Шевченко.