Шевченко ќе му биде советник на Зеленски

Поранешниот украински напаѓач Андреј Шевченко беше поставен за советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Оваа информација беше потврдена на сајтот на претседателот на Украина, но засега не е објаснето каква е точната улога на Шевченко.

Шевченко веќе има искуство во политиката, кога во 2012 година беше на листата на партијата „Украина – напред“, но партијата не доби доволно гласови за влез во парламентот.

Украинецот неколку пати организираше собирање помош по почетокот на рускиот напад во Украина.