Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот украински напаѓач и фудбалер на Милан, Андриј Шевченко вчера го одработи првиот тренинг како тренер на Џенова, каде што игра македонскиот интеренационалец Горан Пандев.
Шевченко ќе ја искористи репрезентативната пауза за да го анализира тимот и да состави што е можно подобра екипа за првиот меч во Серија А, кој ќе се одигра против Рома на Жозе Мурињо.
Италијанските медиуми пишуваат дека Шевченко знае во каква финансиска состојба се наоѓа тимот и планира да донесе четири засилувања во јануари.
Саму Кастилјехо и Витали Миколенко треба да бидат првите засилувања, по што во екипата треба да пристигнат и Олександр Зинченко и Кристијан Пулишиќ, кои не добиваат доволно минутажа во Манчестер сити и Челси.