Шевченко: Нашиот тим ја заслужи љубовта на цела Украина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украина направи историски успех со пласманот во четвртфинале на Европското првенство (ЕП) откако ја победи Шведска по продолженија, и тоа со гол во 121. минута.

Селекторот Андриј Шевченко е среќен затоа што неговата татковина по вторпат ќе игра во четвртфинале на големите турнири.

„Двете екипи играа многу добро. Ова беше интересен меч. Ниту еден тим не сакаше да изгуби, но за среќа успеавме ја решиме драмата во наша корист. Знаевме како треба нашиот тим да игра, кој би можел да ни направи проблеми. Планот кој го имавме се разви добри и на крајот функционираше. Поради овие партии и посветеност нашиот тим ја заслужи љубовта на цела земја“, вели Шевченко.

За Украина ова е прв пласман во четвртфинале на Европско првенство и вторпат меѓу осумте најдобри на големите турнири, по Светското првенство во 2006 година.