Шевченко повеќе не е селектор на Украина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот украински фудбалер Андриј Шевченко не е повеќе селектор на репрезентацијата на Украина.

Шевченко на социјалните мрежи потврди дека ја прекинал неговата соработка со Украинскиот фудбалски сојуз поради тоа што му завршил договорот.

„Во репрезентацијата минав пет години. Покажавме дека сме способни за модерен фудбал. Благодарен сум на претседателот на Сојузот, управниот одбор, навивачите и играчите. Докажавме дека можеме да бидеме конкурентни“, напиша Шевченко.

Шевченко во текот на кариерата играше за Динамо Киев, Милан и Челси.