Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот украински селектор, Андриј Шевченко им се обрати на Украинците кои ја бранат неговата држава од нападите на Русија.
Русите ја нападнаа Украина во четвртокот и борбите сè уште траат, а многу Украинци беа приморани да ја напуштат татковината.
Поранешниот фудбалер на Динамо Киев, Милан и Челси во моментов е во Англија, но неговото семејство е во Украина.
„Во Лондон сум, но мојата мајка и блиски луѓе се во Украина, загрижен сум. Сакам да дадам поддршка за храбрата украинска војска, претседателот и нашиот народ кој ја брани нашата земја“, вели поранешниот украински репрезентативец.