Шкендија ги дозна потенцијалните противници во нокаут-фазата на Конференциската лига


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Шкендија направи историски успех обезбедувајќи пласман во плеј-офот на Конференциската лига, а воедно се познати и можните ривали во следната рунда.

Тетовскиот клуб настапот во лигашката фаза го заврши на 22. позиција на табелата, што значи дека во нокаут-фазата ќе се соочи со екипа која го освоила 11. или 12. место. Како потенцијални противници се јавуваат полскиот Лех Познан и турскиот Самсунспор.

Еден од овие два клуба ќе застане на патот на Шкендија во борбата за пласман понатаму, а конечниот одговор ќе биде познат на 16 јануари, кога е закажана официјалната ждрепка.