Шкендија го совлада Работнички и ја освои петтата титула во Македонија


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Шкендија станува шампион на Македонија за сезоната 2024/2025, по победата над Работнички со резултат 2:1. Ова претставува петта титула за клубот, и ги дополнува шампионските успеси од 2011, 2018, 2019 и 2021 година.

Тетовската екипа отвори со голот на Латифи во шестата минута. Тамба ја зголеми предноста со својот погодок во 33. минута.

Во втората половина од натпреварот, екипата Работнички од Скопје постигна гол од пенал преку Далеј во 62. минута, со што го намалија резултатот на 2-1.

Шкендија, со два натпревари до крајот на сезоната, ја обезбеди својата петта шампионска титула во историјата на клубот.