До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шкендија официјално потврди дека го реализирала трансферот на дефанзивецот Клисман Цаке, кој ја продолжува кариерата во рускиот клуб Ахмат Грозни.
Од тетовскиот клуб информираа дека ја прифатиле понудата од Русија, имајќи ја предвид желбата на фудбалерот да направи следен чекор во својата кариера и да се обиде во нова средина.
Цаке беше дел од Шкендија од јануари 2022 година и во изминатите четири сезони запиша 133 настапи во сите натпреварувања.
















