Шкендија побара имплементација на ВАР-системот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски првак Шкендија побара да се воведе ВАР-технологија во Првата лига.

Речиси секое коло има замерки на судиските одлуки, па поради тоа екипите бараат ФФМ да воведе ВАР-систем кој треба да ги елиминира грешките.

„Шкендија ја изразува својата загриженост за големите пропусти на судиите во домашниот фудбал и итно бара имплементација на ВАР системот. Овој чекор ќе обебзеди поголема транспарентност и ќе помогне да нема судиски грешки, ќе се зголеми веродостојноста и стандардот на играта. Веруваме ова ќе помогне да се подобри имиџот на фудбалот, велат од клубот.