Шкупи доби забрана за трансфери до 2026 година


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Шкупи, кој некогаш го освојуваше првенството на Македонија, сега се соочува со голем проблем, бидејќи ФИФА му наметна ограничување за регистрација на нови играчи кое ќе трае до летото 2026 година.

Казната, која ги опфаќа трите преодни рокови, а тоа се јануари и јули 2025 година и јануари 2026 година, е официјално потврдена и објавена од страна на Светската фудбалска федерација на нејзината веб-страница.

Оваа суспензија претставува значаен предизвик за чаирскиот клуб Шкупи, кој неодамна започна ново поглавје со нови сопственици. Новото раководство со оптимистички планови сакаше да го обнови клубот, но наидоа на значајна пречка со оваа казна.

Според достапните информации, причината за казната е поради претходни прекршувања на правилата за трансфери, кои сега го ограничуваат Шкупи во освежување на тимот.