Шкупи го доби Линколн во првото коло од ЛШ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот првак Шкупи ќе се соочи против Линколн од Гибралтар во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ).

На денешната ждрепка во Нион, Шкупи успеа да ги избегне Шериф, Слован Братислава и Карабах, па добија лесен противник од Гибралтар, кој лани беше сензација и избори место во групната фаза на Конференциската лига.

Шкупи ќе биде домаќин на првиот меч, кој ќе се игра на 5/6 јули, додека реваншот е во Гибралтар на 12/13 јули.