Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шкупи денеска го потврди ангажманот на Кристијан Трапановски, младински македонски репрезентативец, а двете страни потпишаа едногодишна соработка, со можност за продолжување на истата.
Трапановски во Шкупи пристигна од Академија Пандев, каде што се врати по настапите во Чешка и Словачка.
Академија Пандев најпрво го продаде во Славија Прага, а Трапановски потоа го носеше дресот и на Викторија Жижков, Подбрезова и Татран Прешов, но сега се врати во македонската Прва лига.
„Прифатив да потпишам за Шкупи затоа што тоа е тим со големи амбиции да стане шампион на Македонија и клуб кој игра во Европа. Импресиониран сум од нивниот пристап со младите фудбалери. Ќе ми биде чест да играм во еден од најдобрите тимови во Македонија“, кажа Трапановски.