Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шкупи денеска објави дека потпишал договори со 24-годишниот Валид Хамиди од Алжир, како и 22-годишниот Мумамаду Соубахибу Бери од Сенегал.
Фудбалерите се пресреќни што потпишале за тимот од Чаир, а Хамиди кажа дека ќе го даде максимумот на теренот.
„Големо задоволство ми е да бидам дел од екипата, ќе дадам максимум на теренот за да одиграме добра сезона“, кажа Хамиди.
„Среќен сум што доаѓам во оваа екипа, верувам дека можам да му помогнам на тимот во Европа и во македонското првенство“, изјави Бери.
Овие фудбалери имаат право да настапат во ревашот против Лапи во мечот кој се игра в четврток, а првиот го доби Шкупи со 2-0.