Шмајхел го прашаа дали Јунајтед ќе ја освои ЛШ, па „прснаа“ од смеење 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед вчера со головите на Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш го победи Брајтон со 2-0, и тоа во момент додека играа ПСЖ и Реал Мадрид, односно Спортинг Лисабон и Манчестер сити во Лигата на шампиони.

Аналитичари на „Си-би-ес“ беа Мика Ричардс, Џејми Карагер и Тјери Анри, односно легендите на Манчестер сити, Ливерпул и Арсенал, а од теренот известуваше поранешниот голман Питер Шмајхел.

„Веруваш ли ти, Питер, дека Манчестер јунајтед навистина има шанси да ја освои Лигата на шампиони оваа година?“, го праша Ричардс.

Легендарниот голман направи долга пауза, по што даде потврден одговор, а сите почнаа да се смеат во студиото поради одговорот на Шмајхел.