Шок и на „Емирати“: Арсенал потврди дека Микел Артета има коронавирус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Коронавирусот зеде голем замав и во Англија, а имуни не останаа ниту фудбалерите.

Од таборот на Арсенал и официјално потврдија дека  нивниот тренер, Микел Артета е позитивен на теситрањето на коронавирус.

„Нашиот тренинг центар беше затворен откако е потврдено дека Микел Артета има коронавирус. Луѓето од персоналот на Арсенал кои имаа контакт со Микел ќе се самоизолираат. Очекуваме да има голем број на луѓе од Колни центарот, вклучувајќи ги и играчите од првиот тим и тренерскиот состав кои привремено ќе бидат изолирани“ –стои во дел од соопштението испратено од Арсенал.