Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Агентот на Карлос Бака е во Лондон, откриена е тајната, Колумбиецот пристигнува во Премиер лигата.
Ја прифати понудата на Вест Хем. Управата на Вест Хем не успеа да ги доведе Лаказет и Тевез, па тргна по играчот на Милан.
Сумата е околу 30 милиони евра, толку изнесуваше и клаузулата кој Милан и ја плати на Севиља. Бака наполнува 30 години, ова е шансата да ги вратат парите, а им се брза од едноставна причина, сакаат да ја завршат работата со Марко Пјаца.
Галијани беше во Загреб, се договори со играчот, а работата со Динамо е во завршна фаза. Она што е шокантно е сумата 28 милиони и плус 2 милиони бонуси, како што пренесуват италијанските медиуми.
Тоа е неверојатна сума за младиот хрватски репрезентативец кој одби да се пресели во Наполи, иако Мамиќ прифати 35 милиони за него и за Марко Рога. Пјаца беше на радарот на Ливерпул, но Милан сака да ја заврши работата,
Јувентус отпадна од трката, бидејќи не беа спремни да го платат повеќе од 15 милиони. Во секој случај ова ќе биде најголемиот трансфер во Серија А ова лето.