Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кога гром удри во ведро небо, навивачите на Барселона беа шокирани од информацијата дека Иниго Мартинес ја напушта екипата и дека неговото заминување во саудискиот Ал Наср е завршена работа. Она што најмногу ги боли е дека заминува бесплатно, а сега е јасно и зошто дојде до такво сценарио.
Барселона ова лето не доведе многу засилувања бидејќи Ханси Флик истакна дека е задоволен со играчкиот кадар што го има и дека воопшто нема потреба да го менува премногу за новата сезона.
Она со кое беше посебно задоволен беше одбраната и играчите што ги имаше на располагање, но синоќа како ладен туш навивачите на Барселона ги дочека весте дека заминува еден од лидерите на овој тим.
Станува збор за дефанзивецот Иниго Мартинес, кој кај Флик минатата сезона беше еден од најважните и најстандардните играчи во одбраната, така што неговото заминување никој не го претпоставуваше дека е возможно.
Но, многу медиуми потврдија синоќа дека Мартинес заминува и дека веќе ја прифати исклучително богатата понуда од Саудиска Арабија, и дека искусниот шпански стопер наскоро ќе биде претставен како ново засилување на Ал Наср.
Навивачите на Барселона се во шок поради заминувањето на Мартинес, а она што најмногу ги разочара е фактот што клубот нема да заработи ни евро од заминувањето на еден од најважните играчи во одбраната на каталонскиот тим.
Фото: Принтскрин