Шок на лицето на Златан, па признание: Мене никој ништо не ми кажува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ беше поприлично изненаден откако синоќа по натпреварот со Сасуоло беше соопштено дека Стефано Пиоли ќе остане тренер на Милан.

Раководството на Росонерите одлучи после одличните партии да му го продолжи договорот за соработка на Пиоли на уште две години и раскината е соработката со Ралф Рагник.

Изразот на лицето на Ибрахимовиќ откако ја слушна веста за Пиоли дека ќе остане тренер го обиколи светот, а Златан тврди дека ништо не знаел.

„Не знаев. Па, овде секој ден се случува нешто ново“, изјави Ибра и потоа одговори на прашањето дали ќе остане во клубот.

„Ми останаа уште три натпревари и 10 дена овде. Никој не ми говори ништо, а ништо и не очекувам“, додаде Ибра.

Златан постигна два голови против Сасуоло и потврди уште еднаш дека и во 39. година игра феноменално.