Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шпанските медиуми објавија дека на утрешниот тренинг на Барселона, еден од играчите добил повреда на коленото поради што во солзи го напуштил теренот.
Играчите на Барселона се подготвуваат интензивно за почетокот на новата сезона, и утрово во својот тренинг центар одржаа нов тренинг, но истиот заврши на најлош можен начин.
Шпанските медиуми пишуваат дека еден од играчите на Барселона доби сериозна повреда на коленото и станува збор за Руни Бардгји.
Според првичните информации кои пристигнуваат од Барселона изгледа дека Руни добил повреда на лигаментите на коленото и веќе сега е јасно дека Швеѓанецот го очекува долга пауза.
Руни по еден дуел извика и остана да лежи на теренот каде му беше укажана медицинска помош. Сето тоа траеше повеќе од десет минути, а на крај Руни во солзи го напушти теренот.
















