Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ешли Барти ја шокираше светската јавност откако денеска реши да се пензионира, иако има само 25 години и досега освои три гренслем-турнири во кариерата.
Барти последниот меч го одигра на 29 јануари, кога го освои Австралијан опен, а неодамна кажа дека нема да игра на турнејата во Северна Америка, зашто не се рехабилитирала доволно.
Меѓутоа, на нејзиното видео на Инстаграм потврди дека никогаш повеќе нема да заигра тенис.
„Ова е комплициран ден, исполнет со емоции, зашто се збогувам со тенисот. Тоа го кажав и тешко ми е. Среќна сум во моето срце и знам дека е вистински потег. Благодарна сум ви поради поддршката, но знам дека е време да тргнам по другите соништа. Не се чувствувам подготвено физички и мотивирано за да бидам на врвот“, вели Барти.