Шок во Јувентус: Клубот објави дека еден нивен фудбалер има Коронавирус


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Од таборот на Јувентус штотуку соопштија лоша вест, нивниот фудбалер, Даниеле Ругани е позитивен на тестирањето на Коронавирусот.

Во клубот од Торино очигледно владее голема паника затоа што Ругани бил во контакт со речиси сите фудбалери на клубот.

„Фудбалерот, Даниеле Ругани, е позитивен на тестирањето за коронавирусот, а во моментов нема никакви симптоми. Јувентус во моментов ги активира сите изолациони процедури кои се предвидени, па во изолација ќе заминат сите оние кои контактирале со него“ –се вели во соопштението од Јувентус.