Шок во ПСЖ и Франција, и Килијан Мбапе има коронавирус


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Килијан Мбапе е седмиот играч на францускиот шампион, ПСЖ кој е позитивен на коронавирусот.

Тој е тестиран пред натпреварот кој утре ќе го одиграат Франција и Хрватска, а неговиот тест бил позитивен.

Мбапе играше на натпреварот против Шведска на кој успеа да постигне и погодок, па сега се поставува прашање дали во тој момент го имал вирусот и дали заразил некој од своите соиграчи.

Во склоп на правилата тој веднаш ќе замине во изолација и очекувано нема да биде во составот на Франција за утрешната средба со Хрватска.