Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фенербахче летово направи фантастичен потег со доведувањето на Жозе Мурињо на тренерската клупа и во турскиот фудбал, но се чини дека Португалецот нема долго да се задржи таму бидејќи се подготвува неочекуван расплет на ситуацијата.
Во Фенербахче веќе десет години чекаат да ја освојат титулата првак на Турција, а откако тоа минатата сезона не успеа да го направи ниту Исмаил Картал, раководството на турскиот великан реши да му го врачи отказот.
На изненадување на фудбалската јавност Фенербахче успеа да го доведе Мурињо што за фудбалот во Турција е сигурно фантастичен потег.
Иако Фенербахче не ја отвори најдобро сезоната, очекувањата од овој тим сè уште се големи, и навивачите на истанбулскиот клуб веруваат дека токму Мурињо е човекот кој може со овој клуб да стане првак на Турција, нешто што се чека од 2014 година.
Мурињо со пристигнувањето во Истанбул потпиша двегодишен договор со Фенербахче, иако е во клубот само три месеци, се појавија информации дека „Посебниот“ би можел да ги спакува куферите и да ја напушти Турција бидејќи на маса има друга понуда.
Англиските медиуми пишуваат дека Мурињо добил шанса повторно да се врати во Премиерлигата и тоа наводно не сака да го пропушти без оглед што неодамна пристигнал во Фенербахче.
Се шпекулира дека Евертон покажал голем интерес да го доведе Мурињо и добиле повратна информација дека португалскиот стручњак нема ништо против доаѓањето на „Гудисон“.