Шок за Челси, Лампард почна преговори со Дерби за нов договор


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Скај Спортс“ дознава дека од Дерби започнале преговори со Френк Лампард за нов договор кој ќе го задржи на „Прајд Парк“.

Со тоа Дерби планира да се заштити од нападите од Челси кои го посакуваат својот легендарен фудбалер за тренерската позиција.

Лампард има уште две години од актуелниот договор, но сега Дерби му нуди нов долгорочен договор со многу поголема плата.

Во актуелниот договор Лампард има откупна клаузула од 4 милиони фунти, но со новиот, доколку го потпише истата ќе биде многу поголема.