Шок за Федерер: Мора да направи принудна операција, дали е ова крајот?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Веста што се појави утрово е дека Роџер Федерер повеќе нема да настапува, барем кога станува збор за оваа сезона.

Имено, на Федерер му е потребна операција, а планира да се врати следната сезона, но доколку се оди добро.

Швајцарецот реши да им се обрати на своите фанови преку неговиот официјален профил на Твитер.

“Драги фанови, се надевам дека сте добри и здрави. Пред неколку недели, за време на мојата рехабилитација, се чувствував добро и ќе мора да направам операција на десното колено. Планирам да се вратам 100 проценти здрав, за да можам да продолжам да играм на највисоко ниво. Ќе ми недостасуваат моите фанови и турнири, но оптимист сум за 2021. година “, напиша Роџер Федерер.

Оваа објава ги загрижи сите љубители на тенисот, но и сите оние кои играат тенис, затоа што сите знаеме кој и што претставува Роџер Федерер за тенисот.

Она што загрижува е фактот дека Федерер не се опоравува како што треба, па прашање е како ќе оди самата операција, но и закрепнувањето после тоа.

Многумина веруваат дека ова би можело да биде крај на одлична кариера, но дефинитивно би завршил на грд начин во тој случај.