Шок за Покетино, му се повреди новото засилување и ќе отсуствува најмалку два месеци


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако повреда заработи Тангуј Ндомбеле, во текот на денешниот ден се повреди уште едно ново засилување на Тотенхем.

Играчот од средниот ред, Џовани Ло Целсо заработи повреда додека бил на репрезентативни обврски со Аргентина.

Фудбалерот се вратил во Лондон поради проблеми со колкот и веќе е познато дека ќе мора да одмара до крајот на октомври за кога е закажано неговото враќање на терените.

Ло Целсо полека почнуваше со адаптација на новиот тим, а сега ќе треба да почека уште одреден период за да се врати на терените.