Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил (36) пролетта 2023 година се повлече од активната играчка кариера. Од тогаш работи на трансформација на своето тело. Озил за време на кариерата беше слаб, но во последно време тренира со тегови во теретана и резултатите се видливи.
На Инстаграм го следат 27.7 милиони луѓе, а често објавува снимки од својот приватен живот и мотивациски пораки како вчера. За време на играчката кариера имаше 74 килограми, а денес без проблем крева тежини од 100 килограми. Некои обожаватели тврдат дека денес има 90 килограми, а неговата трансформација ја нарекуваат шокантна.
Светскиот шампион и освојувач на бронза на Светското првенство со Германија изгради трофејна кариера настапувајќи за Шалке, Вердер, а пред да ја заврши во Турција настапувајќи за Фенербахче и Башакшехир, три години беше играч на Реал Мадрид и уште осум на лондонскиот Арсенал. Беше слаб и брз играч. Денес изгледа сосема различно, покрупно и мускулесто.
Озил веќе некое време го гради своето тело во теретана, а до каде го донесе тој труд може да се види во видео во кое неговата вежба е сведена на неколку секунди откако започнал со тренинзите до денес. Озил сака да ги запознава своите следбеници на Инстаграм со напредокот што го постигнува, па редовно објавува и фотографии од извајаното тело.