НБА ѕвезда брутално нападна демонстрант (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шокантно видео се појави на ѕвездата во НБА како главен актер на непријатните сцени за време на протестот во Лос Анџелес за смртта на Џорџ Флојд.

ТМЗ објави дека Џ.Р. Смит удира со клоци по еден од демонстрантите. Ветеранот потоа објави на социјалните мрежи што всушност се случило.

Смит објави дека инцидентот се случил откако протестант го скршил стаклото на неговото возило и дека воопшто не станува збор за расистички напад затоа што започнал да удира бел човек.

“Еден од белите момци не знаеше каде оди. Тој го скрши едниот прозорец на моето возило. Ова е населена улица, тука нема продавници”, го оправда Смит неговиот напад.

„Го бркав и го фатив во еден момент. Ова не е злосторство од омраза. Јас немам проблем со некој што нема проблем со мене. Ова е системски проблем“.

Патем, поранешниот соиграч на Леброн Џејмс во моментов е слободен агент.