Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓
Фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ не престанува со одличните настапи во МЛС-лигата, иако има 37 години.
Ветеранот не знае да запре, а најновиот погодок во МЛС-лигата го постигна синоќа во мечот против Ванкувер Вајткапс.
Галакси како гостин на крајот славеше со 2-0 и стигна до четвртата победа во сезоната, а најдобар фудбалер на мечот беше Ибрахимовиќ, кој имаше гол и асистенција.
Ибрахимовиќ на три одиграни натпревари сезонава постигна четири голови, па може да кажеме дека Швеѓанецот е како виното – колку е постар, толку е подобар.