Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем лошо ја отвори сезоната во Премиерлигата, откако загуби во првото коло на домашен терен од Евертон со 0-1, но денеска ги израдува навивачите со триумф од 5-2 против Саутемптон.
Мечот почна со погодок на Хари Кејн, кој го поништи ВАР, по што Ингс стрелаше за водство на Саутемптон од 1-0.
На крајот на првото полувреме Кејн му асистира на Сон за 1-1, а во продолжение од мечот фудбалерот од Јужна Кореја постигнува уште три гола, по асистенција на Кејн, кој ги постави конечните 5-2.
Тотенхем за една недела игра на домашен терен против Њукасл, а Саутемптон во Барнли ќе ги бара првите бодови сезонава.