Шпанците без Рамос ќе се обидат да го освојат ЕП!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на Шпанија, Луис Енрике го објави списокот од 24 фудбалери на кои ќе смета на Европското првенство (ЕП).

Шпанците ќе бидат ослабени во одбраната бидејќи нема да сметаат на Серхио Рамос, кој сезонава за Реал Мадрид одигра само седум меча поради повреда.

Иако имаше најава дека нема да биде на списокот, сепак многумина се надеваа дека Енрике ќе го повика поради неговото искуство.

Рамос со репрезентацијата на Шпанија го освои Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година, како и две Европски првенства, во 2008 и 2012 година.

Шпанците така по првпат ќе заиграат на едно големо натпреварување без Рамос уште од ЕП во 2004 година во Португалија.

ЕП е закажано во период од 11 јуни до 11 јули, а Македнија ќе дебитира летово на натпреварувањето.