Шпанците ги објавија пораките кои Мбапе му ги испратил на Перез (Фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ги изненади сите откако реши да го продолжи договорот со парижаните на уште три години, иако сите беа речиси сигурни дека ќе го напушти Париз на крајот на сезоната.

Мбапе одби неколку понуди од ПСЖ и се шпекулираше дека ќе се пресели во Реал Мадрид, а неговата мајка призна дека биле во преговори со шпанскиот гигант, но самиот фудбалер ја донел последната одлука.

Шпански „Ел Чирингито“ вчера објави дека Мбапе директно контактирал со претседателот на Реал, Флорентино Перез за да му соопшти дека нема да дојде во Мадрид.

„Сакам да ви соопштам дека ќе останам во ПСЖ. Ви благодарам за шансата да потпишам за Реал Мадрид за кој навивам од мали години“, напишал Мбапе.