Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид минатиот викенд на домашен терен славеше против Севилја со 2-1 во мечот од 20. коло во шпанската Ла Лига.
„Кралевите“ на крилјата на Касемиро успеаа да освојат три бодови, но играта на Реал беше далеку под тоа што се очекуваше. Зинедин Зидан повторно беше критикуван од страна на шпанските медиуми и тоа поради Герет Бејл и Хамес Родригез.
Овие двајца фудбалери воопшто не беа во комбинација за мечот, иако еден ден претходно тренираа нормално, а Зидан по мечот кажа дека се повредени, иако тоа не е вистина.
„Хамес и Бејл се повредени и поради тоа не беа со екипата. Тоа е тоа, немам што повеќе да кажам на таа тема“, вели Зидан.
Сепак, Бејл и Хамес следниот ден тренираа нормално и јасно се забележа дека не се повредени, па се поставува прашањето што навистина се случува со нив.