Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно е на удар на јавноста, а овојпат во Шпанија, а причина за тоа е што излезе на терен и одработи тренинг во понеделникот, иако шпанската Влада дадоа дозвола за тренинзи од 11 мај.
Најдобриот светски тенисер кој од почетокот на пандемијата кој се наоѓаше во домашнаизолација, вчера излезе на терен и играше со Карлос Гомез Ерера, но фото-репортерите го сликаа и потоа почна бурата во јавноста.
„Во теорија, спортските терени не може да бидат отворени до првата фаза на попуштање на мерките, а тренинзите мора да бидат индивидуални. Всушност, шпанската тениска федерација во своето соопштение објави дека никој не смее да тренира. Така нема дилема дека Ѓоковиќ ги прекрши правилата“, пишуваат шпанските медиуми.