Шпанците нема да играат на следното Светско првенство?!

Фудбалската репрезентација на Шпанија се закани дека ќе го откажат настапот на следното Светско првенство.

Мундијалот следната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, а можеби на него нема да ја има “црвената фурија”.

Причината е потенцијалниот настап на репрезентацијата на Израел на американското тло, против што е цврст став зазема шпанската влада во светлина на случувањата во Газа.

“Ќе ја процениме ситуацијата во потребниот момент. Она што сакаме е луѓето да сфатат дека ако израелските тимови не можат да учествуваат на спортски натпревари или на ‘Евровизија’, некои почнуваат да ги отвораат очите. Бидејќи нашите се широко отворени и не го поднесуваат она што го гледаат. Затоа не можеме и нема да молчиме”, рече Паќи Лопес, портпарол на Шпанската социјалистичка работничка партија.

До изјавата на Лопес дојде непосредно откако етапа од велосипедската трка Вуелта беше прекината поради пропалестинските демонстранти.