Шпанците објавија снимка при поништување на голот на Барса: Од собата на ВАР се слушна „фала Богу“


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Шпанска „Марка“ го издвои моментот од петтата минута на судиското продолжение на вчерашниот Ел Класико и пренесе што се случуваше во ВАР собата во тие моменти. Голот за 5:3 на Барселона против Реал Мадрид го постигна Фермин Лопез, но тој не беше признат откако на главниот судија на натпреварот му беше сигнализирано играње со рака од страна на играч на Барселона.

Фермин Лопез беше во борба за топката на левата страна од теренот, а одбраната на него ја директно играше Феде Валверде. Јасно се гледа дека играчот на Реал ја исфрли топката која требаше да излезе од теренот, но не излезе бидејќи играчот на Барселона ја запре со рака. Акцијата продолжи без да било кој од играчите на теренот го сигнализира тоа што се случи. Лопез потоа помина меѓу Лука Модриќ и Виктор Муњоз и постигна гол.

Голот беше поништен поради тоа што 22-годишникот си помогна со рака во акцијата. Мартинез Мунера, кој бил во ВАР собата, бил одговорен за информирање на главниот судија на натпреварот Алехандро Хосе Ернандез Ернандез.

“Меѓутоа, неколку часа подоцна, по завршувањето на неделниот натпревар, федерацијата го објави разговорот јавно, што стана вообичаена практика. Во него се слуша мистериозен глас кој вели: „Фала Богу“ (во 37. секунда), што предизвика големо незадоволство кај навивачите на Барселона”, пишува „Марка“.

Фото: Принтскрин