Шпанците: Реал Мадрид има три недопирливи играчи


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид со уверлива победа од 4:0 против австрискиот прволигаш WSG Тирол ги заврши подготовките. Освен позитивниот резултат, тренерот Чаби Алонсо доби клучни спознанија од натпреварот. Баскискиот тренер ја искористи средбата за да ги дефинира столбовите на тимот за претстојната сезона, пишува Defensa Central.

Алонсо, при бројните измени на теренот, остави тројца играчи кои го започнаа натпреварот: стоперот Деан Хујсен (20), играчот од врска Арда Гулер (20) и Килијан Мбапе (26).

Така јасно стави до знаење дека токму тие претставуваат темел на неговата визија, по еден играч од одбраната, средниот ред и нападот, и дека на нив смета повеќе отколку на останатите, забележува шпанскиот медиум специјализиран за случувањата во Реал.

Фотографија: Принтскрин