Шпанците збеснаа поради Бејл: Одвратно, ова ниту Јовиќ не го направи!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сабота ја прослави 35. титула во шпанската Ла Лига во убава атмосфера на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Шпанците забележаа и една „дамка“ која ја одбележа прославата, а таа беше во режија на Герет Бејл, кој не се појави на церемонијата за доделување на трофејот.

„Марка“ објави дека Бејл не се појавил ниту на натпреварот, кој го пропуштил поради болки во грбот, а потоа не сакал ниту да дојде и да слави.

Шпанците забележаа и други повредени фудбалери кои стигнаа со семејствата да слават, а меѓу нив беше и Лука Јовиќ.

„Бејл не беше на стадионот. Одвратен гест од негова страна на ден на радост за екипа и навивачи“, пишува „Марка“.