Шпанецот призна: Биелса му поставил прашање, Пеп не знаел да го одговори!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мечот меѓу Лидс јунајтед и Манчестер сити беше вистински спектакл, а на крајот заврши со 1-1. Избраниците на Пеп Гвардиола имаа водство од 1-0, но потоа фудбалерите на Марсело Биелса го израмнија резултатот.

Во изјавата по мечот Гвардиола кажа дека Биелса му поставил прашање на кое едноставно не можел да одговори во моментот.

„Ми кажа што мислам за натпреварот. Му реков дека не сум во можност да го анализирам мечот по една секунда. Можеби е попаметен од мене. Ми треба време за да го анализирам дуелот“, вели Гвардиола.

Лидс воодушеви на почетокот на сезонава. Тие играат напаѓачки фудбал кој ја освои публиката на Островот.