Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Карлос Сантос, поранешен тренер на шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, го пофали својот некогашен ученик.
Карлос Сантос го тренираше Карлос Алкараз додека беше уште дете, а сега многумина го споредуваат со Рафаел Надал.
– Алкараз е подобар играч од Надал, поцелосен, кога ќе ги погледнеме техничките работи околу тенисот. Дроп шот, на пример. Надал тоа го правеше добро, но Алкараз е магионичар. Слајс, волеј… Рафа има добри потези, силно удира, со многу спин, а и многу е паметен, па знае што да направи. Карлос е поинаков, има тој магичен стил кој луѓето го сакаат. Трча по секоја топка и никогаш не знаеш што ќе направи следно. Магија – изјави Сантос.
Фото: Принтскрин