Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Един Џеко ја напушти Фенербахче минатата недела и многумина се прашуваат во кој клуб ќе ја продолжи кариерата. Италијаните пишуваат дека веќе сè договорил со Комо, но од Шпанија доаѓаат неверојатни информации дека „Дијамантот“ е и на радарот на Реал Мадрид.
Таму порталот Defensa Central објави вечерва дека Џеко дури се наоѓа на радарот на Реал Мадрид и дека не е невозможно на адресата на овој 39-годишник да пристигне понуда од кралскиот клуб.
Се наведува дека Реал сака да донесе поискусен напаѓач кој ќе биде резервна опција и ќе има улога каква што имаше Хоселу. Тој летово замина од Реал и неговото заминување се почувствува многу.
Фото: Grok AI