Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Валенсија ќе се вратат на тренинг за 10 дена. Шпански „АС“ објави дека играчите ќе пристигнат во тренинг-центарот на 13 април и тренинзите ќе се одвиваат како во бундеслигашите Борусија Дортмунд и Шалке.
Тие тренираат во групи по двајца фудбалери, кои потоа ќе бидат заедно и изолирани, односно на одредена далечина од останатите групи.
Првенството во Шпанија е прекинато пред три недели и засега не е познато кога и дали воопшто ќе продолжи.
Валенсија во свои редови до пред неколку дена имаше многу заразени играчи, членови на управа и останат персонал, но пред два дена тие беа излекувани.