Шпанија е едно од најголемите жаришта на вирусот, а тие се враќаат на тренинг!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Валенсија ќе се вратат на тренинг за 10 дена. Шпански „АС“ објави дека играчите ќе пристигнат во тренинг-центарот на 13 април и тренинзите ќе се одвиваат како во бундеслигашите Борусија Дортмунд и Шалке.

Тие тренираат во групи по двајца фудбалери, кои потоа ќе бидат заедно и изолирани, односно на одредена далечина од останатите групи.

Првенството во Шпанија е прекинато пред три недели и засега не е познато кога и дали воопшто ќе продолжи.

Валенсија во свои редови до пред неколку дена имаше многу заразени играчи, членови на управа и останат персонал, но пред два дена тие беа излекувани.